Хроника Следува пријава

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога

Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога

На 05.10.2024 во 03:30 часот во Кавадарци полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Л.К.(51) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што при преглед во неговото патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки биле пронајдени бела прашкаста материја и стаклен предмет.

Л.К. бил задржан во полициска станица и известен бил јавен обвинител.

По издадена наредба од Основен суд Кавадарци, од страна на полициски службеници за недозволена трговија со дрога од ОВР Кавадарци  бил извршен и претрес во неговиот дом, каде биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, стаклен предмет со остатоци од бела прашкаста материја и  дигитална вага.

По документирање на настанот против Л.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

To top