Свет поплави

БиХ бара меѓународна помош за справување со последиците од поплавите

Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина побара меѓународна помош од Европската Унија за справување со последиците од поплавите.

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, денеска е испратено барање за меѓународна помош за санација на последиците од поплавите и свлечиштата што ги погодија неколку општини во БиХ“, соопшти Министерството за безбедност на БиХ.

Барањето е испратено по одлуката на Владата на Федерацијата БиХ, според која, поради обемот на поплавите, е потребна меѓународна помош и доставен е список на најнеопходната опрема и средства.

Министерството за безбедност на БиХ е во постојан контакт со претставници на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ во Брисел, со цел подготвената помош која ќе биде испратена до БиХ да стигне што полесно и побрзо до жителите и општините на кои им е најпотребна во овој момент“, се наведува во соопштението.

Министерот за безбедност на БиХ, Ненад Нешиќ, изјави дека Министерството ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и ќе ја координира доставата на помош во погодените подрачја.

Најнови вести од Свет

To top