Скопје Од ноември

Кисела Вода отвора канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови

Стручната помош  и поддршка од страна на тимот се бесплатни. Потребно е претходно да имате закажано термин на телeфонскиот број 02/3212 690. Термините се закажуваат  во понеделник од 10:00 до 12:00 часот.

Кисела Вода отвора канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови

Еден од врвните приоритети на општина Кисела Вода и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски e грижата и подобрyвање на квалитет на животот на младите лица.

-Нашата општина денес со потпишување на меморандумот за соработка со претседателката на Здружението на социјални работници, проф.д-р Светлана Трбојевиќ, ќе отвори Канцеларија за социјална поддршка на идните млади брачни парови, велат од општината.

Стручни професионалци ќе бидат вклучени во давањето на социјална поддршка на  младите парови при подготовка за брак,  стручна помош во информирање и упатување  за остварување на нивните права од системот на социјална заштита, зголемување на  нивната свесност за можните социјалните проблеми кои можат да се  јават во текот на нивното заедничкото живеење како и позитивното родителство.

-На  Здружението на социјални работници на град Скопје, им обезбедивме простор, во населба Кисела Вода, за работа додека тие го обезбедуваат стручниот кадар-тим од стручни работници кои ќе даваат стручна помош и поддршка, велат од општината.

Канцеларијата ќе работи во среда од 16:00 до 20:00 часот и сабота од 10:00 до 16:00 часот.

Стручната помош  и поддршка од страна на тимот се бесплатни. Потребно е претходно да имате закажано термин на телeфонскиот број 02/3212 690. Термините се закажуваат  во понеделник од 10:00 до 12:00 часот.

Канцеларијата ќе започне со работа од 01.11.2024 година.

To top