Хроника СВР Тетово

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 6-годишно дете, му се слошило на фудбалски тренинг

Детето кога било донесено во болница било без знаци на живот.

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 6-годишно дете, му се слошило на фудбалски тренинг

Шестгодишно дете почина на фудбалски тренинг кога прво му се слошило, па со екипа од Итна медицинска помош од стадионот бил пренесен во Општата болница Гостивар.

Детето кога било донесено во болница било без знаци на живот.

„На 3 октомври во 20:22 часот во СВР Тетово, од Општа болница Гостивар било пријавено дека со екипа од Итна медицинска помош од стадионот во населба Дутлок бил донесен малолетник од Гостивар без знаци на живот. Според пријавеното, на шестгодишното дете му се слошило и паднало за време на фудбалски тренинг, а по неколку обиди за реанимација лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство“, информира МВР.

To top