Свет Од Украина до Либан

Макрон сака Франкофонијата да стане „простор на дипломатско влијание“

„Не може да има мир на Блискиот Исток без решение со две држави“, додаде францускиот лидер, споменувајќи го и Либан, чиј „суверенитет и мир денес се разнишани“.

Макрон сака Франкофонијата да стане „простор на дипломатско влијание“

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денеска дека франкофонијата е „простор на влијание“ и ги повика нејзините членови да „работат заедно за да развијат дипломатија“ која ги штити „суверенитетот и територијалниот интегритет“ насекаде, „без двојни стандарди“ – од Украина до Либан.

„Франкофонијата е простор на дипломатско влијание што ни овозможува да се соочиме со предизвиците на векот“, рече тој на отворањето на 19. Самит на Франкофонијата во Меѓународниот центар за француски јазик во Вилер-Котре, 60 километри северно од Париз.

„Ова е место каде заедно можеме да водиме дипломатија која ги штити суверенитетот и територијалниот интегритет низ целиот свет“, им рече Макрон на десетици шефови на држави и влади од Африка до Индо-пацифичкиот регион.

„Тоа е место кое ја брани визијата во која нема место за двојни стандарди, во кое сечиј живот е подеднакво вреден во сите конфликти ширум светот“, додаде Макрон, иако Глобалниот југ често ги осудува двојните стандарди на Западот во управувањето со меѓународните афери кризи.

„Не може да има мир на Блискиот Исток без решение со две држави“, додаде францускиот лидер, споменувајќи го и Либан, чиј „суверенитет и мир денес се разнишани“.

Алудирајќи на Кина без конкретно да ја спомене, Макрон се изјасни и за „мир“ во индо-пацифичкиот регион, „каде ниедна сила не треба да го доведува во прашање тој мир“.

Осудесет и осум земји и влади се членки на Меѓународната организација за франкофонија (ОИФ). За првпат по 33 години одржува самит во Франција.

Макрон повика и на „дигитален поредок за заштита на граѓаните“, за „поефикасна борба против дезинформациите, против ширењето на омраза на интернет, расистичкиот и антисемитскиот говор на омраза“.

Земјите-членки на МОФ ја започнаа иницијативата „Повик од Вилер-Котре“, која ги повикува главните дигитални актери да „изградат побезбеден и поразновиден простор и да се борат против сиот овој говор на омраза“.  (МИА)

Најнови вести од Свет

To top