Свет „Вашингтон Пост“

Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис

Обама и неговата сопруга Мишел уште во јули ја поддржаа претседателската кандидатура на Камала Харис.

Барак Обама ќе учествува во кампањата на Камала Харис

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе води кампања за потпретседателката и демократска претседателска кандидатка Камала Харис во неделите пред изборите на 5 ноември, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на Вашингтон пост.

Обама ќе ја започне кампањата следниот четврток со патување во Питсбург (Пенсилванија), објави весникот, цитирајќи висок претставник на персоналот на Харис.

Обама и неговата сопруга Мишел уште во јули ја поддржаа претседателската кандидатура на Камала Харис.

На Демократската национална конвенција во август, во Чикаго, Обама ги повика Американците да ја поддржат Харис.

-Америка е подготвена за ново поглавје, Америка е подготвена за подобра приказна. Ние сме подготвени за претседателката Камала Харис, рече тогаш тој.

Харис на изборите на 5 ноември ќе се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп. (МИА)

To top