Свет сад

Шефот на Нетфликс ја поддржа Камала Харис, корисниците масовно се откажуваат од претплатата

Бројот на корисници кои ги откажаа своите претплати на Нетфликс значително се зголеми откако шефот на Нетфликс ја изрази својата поддршка за Камала Харис.

Имено, Рид Хестингс, ко-основач и претседател на компанијата, јавно ја поддржал изборната кампања на американскиот потпретседател, пренесува британски Телеграф.

До порастот на откажувања дојде откако Рид Хестингс објави порака на X, порано Твитер, честитајќи му на Камала и додаде: „Време е да победиме!“

Технолошкиот милијардер изјави за The Information дека донирал дури 7 милиони долари за кампањата.

Јавната поддршка беше дочекана со гнев од многу поддржувачи на Трамп кои повикаа на бојкот на услугата. Многумина објавија фотографии на социјалните мрежи на кои се откажуваат од претплатите со хаштагот #CancelNetflik.

Исто така, порастот на откажувања од претплатата, делумно се смета дека се должи на одлуката на компанијата постепено да го укине својот основен пакет – најевтината верзија на Нетфликс без реклами – со корисниците охрабрени да изберат нов план за продолжување на преносот.

Најнови вести од Свет

To top