Успешно поминати сто дена од новата Влада кои донесоа значајни промени со отворање на суштински прашања, насочувајќи се кон сектори и проблематики кои ги засегаат граѓаните, со динамично темпо се исполнува ветеното, а сето тоа во насока на остварување на интересот и враќање на довербата кај граѓаните.
Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека значаен аспект од работењето на Владата е враќањето на долговите од криминалното владеење на претходната власт која оставила само банкротирана држава и долгови во недоглед.
-Нашата примарна задача и фокус беше да ги стабилизираме финансиските текови, да ги затвориме буџетските дупки и да се справиме со дефицитите и хаосот оставени од претходната влада. Работиме на враќање на долговите, затворање на задолженоста на институциите и јавните претпријатија и имплементација на конкретни мерки во даночната и социјалната политика. Подготвуваме и екипиравме институции, договараме инвестиции кои се значајни за нашата економија и кои ќе отворат многу нови работни места, и работевме и подготвуваме стотици нови проекти, посочи, изјави премиерот Мицкоски.
Она што особено се истакнува е дека после повеќе од една деценија е исплатен долг од 2 милијарди денари во Фондот за здравствено осигурување, додека пак после цели 7 години има напредок во образованието со обезбедување на бесплатни учебници за сите.
Владата е со јасна критика до претходната власт – смета дека од неа се наследени само долгови и тоа 20 милиони евра дупка во образованието и колапс на проектот за бесплатни учебници, 4 милијарди денари долг кон земјоделците, 150 милиони евра долгови во здравството, 80 милиони евра дупка во ЕСМ и заостанати плати кои не биле исплатени во Македонски шуми и водостопанство.
Граѓаните забележуваат дека досегашното работење на Владата вродило со плод, со преземање на активности за одржлив економски развој и финансиска стабилност на државата и се надеваат дека ќе продолжи со одговорно и домаќинско управување.