Фудбалската федерација на Косово заработи парична казна од 61.000 евра од Европската фудбалска федерација.
Причина за оваа казна за инцидентите кои се случија за време на дуелот од Лигата на нациите на кој Романија минатиот месец победи убедливо со 3:0 во Приштина.
Мечот на стадионот „Фадил Вокри“ неколку пати беше прекинуван откако навивачите палеа и на терен фрлаа факли, имаше и такви кои влегоа на теренот, а беше исвиркана и романската химна пред почетокот.