Фудбал

Барселона сака да го врати Нејмар следното лето

Барселона сака да го врати Нејмар следното лето

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта сериозно размислува да му даде втора шанса на Нејмар од следното лето, тврди каталонскиот весник „Спорт“.

Бразилецот, кој тогаш ќе има 33 години, ќе биде слободен играч откако ќе му истече договорот со Ал-Хилал во Саудиска Арабија. Според договорот, Нејмар ќе инкасира 320 милиони евра од саудискиот клуб за две години во вид на плата и бонуси. Сепак, тој нема играно речиси една година по тешката повреда на коленото во октомври 2023 година.

Првата трансфер цел на Барселона ќе биде норвешкиот напаѓач Ерлин Халанд, но доколку тоа се покаже невозможно, клубот ќе го доведе Нејмар за враќање на тимот на реконструираниот „Камп Ноу“.

Според „Спорт“, Нејмар има амбиција да игра за репрезентацијата на Бразил на Светското првенство во 2026 година и поради оваа цел напаѓачот бил подготвен да се врати во моќната шпанска Ла Лига.

Во својот прв период во Барселона, Нејмар одигра 123 натпревари, постигнувајќи 68 гола и 49 асистенции. Тој се пресели во Пари Сен Жермен во 2017 година за 222 милиони евра.

To top