Свет вечерва цел е бегалскиот камп Ал-Шати

Израел продолжи со бомбардирање на Газа

Во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври се убиени 9.488 Палестинци, додека во исто време се убиени повеќе од 1500 Израелци.

Израел продолжи со бомбардирање на Газа

Израелските сили продолжија да изведуваат воздушни и копнени напади во Газа, а вечерва цел е бегалскиот камп Ал-Шати на западниот дел од градот Газа. Израелската војска предупредни на 2.ноември дека ќе отпочне интензивни напади и ги повика жителите на бегалскиот камп Ал-Пати „итно да го евакуираат тоа подрачје“.

Израелските авиони фрлија претходно летоци врз бегалскиот камп повикувајќи на евакуација.

Во брошуритем „израелската војска бара од жителите на кампот Ал-Шати итно да се преселат во подрачјата јужно од Ал-Маваси, западно од градот Кхан Јунис. Израелската војска во летоците бараше од жителите на тоа подрачје да одат на куг по Ер-Рашид, улицата што го поврзува северот на Појасот Газа со јужниот. Изралеската војска побара од Палестинците на северот од Појасот Газа да го евакуираат градот Газа и неговите северни региони.

Во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври се убиени 9.488 Палестинци, додека во исто време се убиени повеќе од 1500 Израелци.

Најнови вести од Свет

To top