Вооружен маж денеска влетал со возило на аеродромот во Хамбург, по што аеродромот бил затворен, објави Die Welt.
Човекот испукал двапати со своето оружје во воздух, пишува Die Welt, повикувајќи се на портпарол на полицијата. Неговата сопруга претходно стапила во контакт со полиција за можното киднапирање на детето.
Sueddeutsche Zeitung објави дека инцидентот се случил околу 20 часот. Во автомобилот може да има две деца, пишува порталот повикувајќи се на полициски службеник.