Фудбал

Солскјер откри зошто Роналдо повторно се врати во Јунајтед

Во вториот термин Роналдо одигра 40 натпревари за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата и постигна 19 голови.

Солскјер откри зошто Роналдо повторно се врати во Јунајтед

Втората епизода на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед не помина како што посакуваа Португалецот и славниот англиски клуб. Поранешниот тренер на тимот од „Олд Трафорд“, Оле Гунар Солскјер, проговори за тоа како стигнал во редовите на „црвените ѓаволи“.

Тогаш се споменуваше дека Манчестер Сити бил многу блиску до ангажирање на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња. Сепак, Јунајтед реагираше и го врати во клубот.

– Еден од најдобрите светски фудбалери во последните 15 години. Играв со него. Играше за Јунајтед. Тој има историја со овој клуб. Тој си заминува од Јувентус и не можеме да го пуштиме во Манчестер Сити. Таму би постигнал повеќе голови отколку Халанд денеска, изјави Солскјер.

Норвежанецот смета дека неговото доаѓање во тимот од „Олд Трафорд“ било грешка.

– Разговаравме и тој дојде во Јунајтед. Мислам дека ја уништи динамиката во соблекувалната. Некои играчи почнаа да се чувствуваат помалку важни, заклучи Солскјер.

Во вториот термин Роналдо одигра 40 натпревари за „црвените ѓаволи“ во Премиер лигата и постигна 19 голови.

To top