Светската антидопинг агенција (ВАДА) вложи жалба до Судот за спортска арбитража (ЦАС) во Лозана, а поврзано со првиот светски рекет Јаник Синер.
Италијанецот беше позитивен на два допинг теста, меѓутоа мина без суспензија откако објасни дека по грешка на лекарот преку одредена маст внел забранета супстанца. Тој мина практично неказнето, резултатите не му беа поништени, а загуби само финансиски дел од турнирите.
ВАДА смета дека тоа е неправедно, па реши да го даде случајот на второстепен суд, а тоа е оној во Лозана.
„ВАДА смета дека заклучокот дека нема вина или е невнимание не беше исправен кон важечките правила. ВАДА бара период на неиграње од една до две години. Не бараме поништување на резултатите, освен оние кои се веќе донесени од страна на првостепениот суд. Со оглед на тоа што се работи на чекање пред ЦАС, ВАДА нема да дава дополнителни коментари“, стои во соопштението.
Се бара суспензија за Јаник Синер од една до две години, што би било сериозен удар за него доколку барањето се усвои.