Останати спортови таеквондо

ЗЛАТЕН ПРЕСТИЖ ЗА ВЕДРАНА: Издвои победа врз светска кадетска шампионка во таеквондо

Ведрана освои четири фуриозни победи на Е2 најсилно рангиран младински таеквондо турнир во светското младинско олимписко таеквондо.

ЗЛАТЕН ПРЕСТИЖ ЗА ВЕДРАНА: Издвои победа врз светска кадетска шампионка во таеквондо

ВЕДРАНА ЈА ПОБЕДИ АКТУЕЛНАТА СВЕТСКА КАДЕТСКА ШАМПИОНКА ВИРЏИНИЈА ЛАМПТИС ОД ИТАЛИЈА! Злато за Ведрана Тунески на Е2 Тирана Опен Кадети -41кг, Ведрана е репрезентативка и член на ТКД Бутел. Четири фуриозни победи на Е2 најсилно рангиран младински таеквондо турнир во светското младинско олимписко таеквондо, објави Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Победи над:
1. Јовиќиќ Милјана, Црна Гора
2. Парисела Аурора, Италија
3. Гомез Дијаз, Шпанија
3. Вирџинија Ламптис, Италија

-Да потсетиме Ведрана Тунески е бронзен медалист од Европско пионерско првенство. Денеска во Албанија во финале успеа да ја совлада најдобрата таеквондистка на планетата во нејзината категорија. Подвиг кој мора да остане забележан со внимание, објави Костовски.

-Таеквондо Бутел е лабораторија за создавање на релевантен врвен спорт, доаѓаат нови генерации кои ќе го задржат македонското олимписко таеквондо во сјајот на најголемите светски спортски одличја, олимписка норма и олимписки медал!, објави градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски.

To top