Македонија Охрид

Орбан: Потребна е стратешка соработка во борбата против илегалната миграција за да ги задржиме идентитет и национална определба

Затоа треба да знаеме дека ние тука подготвивме соработка во конкретни прашања и доколку сакаме да ги задржиме нашиот културен идентитет, национална определба и христијанството тогаш мораме сами себеси да се одбраниме, рече Орбан.

Орбан: Потребна е стратешка соработка во борбата против илегалната миграција за да ги задржиме идентитет и национална определба

Мораме да склучиме стратешка соработка во борбата против илегалната миграција, од Грција преку Македонија до Унгарија, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешната прес-конференција во Охрид со македонскиот колега Христијан Мицкоски.

Прашан за продлабочувањето на соработката со земјава во однос на тоа прашање, Орбан смета дека миграцијата ќе биде предизвик на подолг рок, и оти Западно-европските држави не се подготвени да ги бранат сопствените граници.

– Се радувам дека тука, на Западниот Балкан живеат народи, кои во нивната историја научиле исто што и ние, лекцијата дека тоа не е ништо ново што гледаме, но знаеме како функционираше миграцијата во минатото и што ни донесе. Добро би било во оваа соработка да ги вклучиме и Западно-европски држави, но тие не се подготвени да ги бранат сопствените граници и затоа имавме еден историски предизвик додека ние се бориме против мигрантскиот бран во нашиот регион за неколку години можеме да очекуваме мигрантски бран зад грбот. Затоа треба да знаеме дека ние тука подготвивме соработка во конкретни прашања и доколку сакаме да ги задржиме нашиот културен идентитет, национална определба и христијанството тогаш мораме сами себеси да се одбраниме, рече Орбан.

Зад мигарцијата оцени дека се случува длабоко демографско прегрупирање низ светот.

– Треба да знаете дека на северните делови на Африка, особено на Средоземно море големи се разликите со демографските процеси. Ако пред себе ја имаме и демографската експлозијата на афричките држави и ако не спречиме тогаш можеме да очекуваме дека преку Средоземно море во Европа може да дојдат милиони луѓе. Од тоа може да заклучиме дека проблемот со миграцијата не се однесува на наредните 30-40 години, туку на наредните 70-80 години, подвлече Орган.

Затоа, нагласи дека бараат држави партнери кои ќе бидат подготвени да соработуваат во тоа.

– Унгарија гледа дека Македонија е историски упатена на ова во историски контекст. Исто така и Србија, и со нив сакаме да направиме соработка која во нарендите 30-40 години ќе овозможи да ги зачуваме нашите историски и културни традиции. Затоа мораме да направиме соработка на ниво на Владите како за прашањето на миграција, така и за сите други прашања, додаде Орбан.

На прашањето дека некои членки на Европската Унија почнале да го превалоризираат нивниот однос на миграцијата, тој заклучи дека тамошните политичари процениле дека европските народи имаат придобивки од миграцијата.

– Ние од самиот почеток бевме против тоа. Сметавме дека тоа неможе да донесе добро, а другите поголеми држави во ЕУ имале други видувања. Малку созреваат нивните размислувања и би требало да го сменат сопственото гледање на ова прашање, но тоа не оди лесно. Тие мора да го најдат начинот на кој ќе им објаснат на нивните граѓани како го можат тоа. Ние никогаш немавме поделби за тоа како треба и што е важно за нас, посочи Орбан.

Најнови вести од Македонија

To top