Скопје

Во понеделник истекува рокот за поднесување барања за еднократна помош за првачиња во општина Аеродром

Во понеделник истекува рокот за поднесување барања за еднократна помош за првачиња во општина Аеродром

Во понеделник истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари, соопшти денеска Општина Аеродром.

– Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром, секој работен ден до 15:30 часот. Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да ги најдете на следниот линк http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari., се вели во соопштението.

Од Општина Аеродром додаваат дека остануваат посветени на заложбата за инвестиции во најмладите, како и во кратење на дополнителните трошоци што претставуваат товар на семејниот буџет.

To top