Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното гостување во емисијата „Клик плус” на ТВ21, запрашан за можноста да биде следниот градоначалник на Скопје бидејќи неговото име кружи во јавноста, рече дека не ја исклучува можноста за тоа и би го прифатил тој предизвик.
– Ако одлучи мојата политичка партија и телата на партијата, но и граѓаните, од она што е евидентно мислам дека имаме одлична реализација на проектите досега, а имам и сериозна поддршка од моите сограѓани.
Би го прифатил тој предизвик, секако и мислам дека би бил човек кој што би ги решил проблемите што ги има нашиот град, рече Ѓорѓиевски.