Македонија Министерство за економија и труд

Ристески: „Есенска потрошувачка кошница“ се спроведува на терен, трговците се држат до обврската

-Очекувам, исто како и со претходната одлука, да донесе добри резултати и намалување на цената на храна и безалкохолни пијалаци во просек за околу 10%, посочи тој.

Ристески: „Есенска потрошувачка кошница“ се спроведува на терен, трговците се држат до обврската

Денеска стапи во сила последната од серијалот мерки насловени како „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, со која на 73 неопходни производи од т.н. „Есенска потрошувачка кошница“ им се ограничи бруто профитната маржа на 10 проценти во трговијата на големо и 10 проценти на трговијата на мало.

-Според информациите со кои располагам мерката се спроведува на терен, трговците се држат до обврската сите производите кои што се опфатени со оваа мерка да ги обележат со натписот „помалку трошоци, повеќе за тебе„ кој е објавен на веб – страницата на Министерството за економија и труд. Инспекциските служби се на терен, ја контролираат состојбата и сите недоследности и неспроведување на мерката ќе бидат санкционирани, посочи заменик-министерот за економија, Марјан Ристески.

Акцијата „Есенска потрошувачка кошница“ трае до 31 октомври .

-Очекувам, исто како и со претходната одлука, да донесе добри резултати и намалување на цената на храна и безалкохолни пијалаци во просек за околу 10%, посочи тој.

Најнови вести од Македонија

To top