Храна и Пијалаци рецепт

Пица бурито: Рецепт во кој уживаат само вистинските гурмани

Ако уживате сами да си подготвувате јадења, ви го предлагаме овој рецепт за спој на мексиканска и италијанска кујна.

Пица бурито: Рецепт во кој уживаат само вистинските гурмани

Ако уживате сами да си подготвувате јадења, ви го предлагаме овој рецепт за спој на мексиканска и италијанска кујна.

Количината треба сами да си ја одредите бидејкќи зависи од тоа колку сакате да направите, а полнењето можете да го појачате или намалите по желба.

Потребни состојки:

3 парчиња тортиља
мелено месо
кашкавал
доматен сос
бибер
тако зачин
сол
маслиново масло

Подготовка:

Во тава загрејте малку маслиново масло. Додатете го меленото месо и зачинете го со сол, бибер и тако зачин. По желба може да користите и други зачини. Испржете го мешајќи повремено.

Тортиљите пресечете ги на половинки. Секоја половинка на средината намачкајте ја со доматен сос.

Над него ставете мелено месо, па рендан кашкавал. Кашкавал може да користите каков што сакате, а може и моцарела.

Прво со едниот крај поклопете, па со другиот, така што ќе добиете триаголник.

Повторете ја постапката со сите парчиња тортиља и потоа наредете ги во тава така што ќе формирате круг од триаголници.

Секој триаголник одозгора премачкајте го со доматен сос, а цел круг убаво покријте го со кашкавал.

Поклопете и ставете на оган.

Температурата регулирајте ја согласно можностите на шпоретот. Нека се прокрчка 10-ина минути, може и помалку, колку кашкавалот да се стопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FOOD NETWORK 🥘 (@the_receipes)

To top