Заврши турнирот во баскет 3×3 ГеГе Баскет 2024. Енергијата беше на максимум, атмосферата огнена, а маалскиот дух повторно на дело, вели градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој упати честитки за освојувачите на трофејот „Стара 22ка”.
-Ова не беше само турнир – ова беше дружење, поддршка и вистински доказ дека иницијативите како оваа го одржуваат нашето маало живо и активно. Благодарност до сите учесници, навивачи и организатори што го направија ова возможно! Маалскиот живот е тука, со нас и за нас! Да продолжиме да го негуваме спортот и другарството! До следната средба – останете инспирирани и мотивирани, порача градоначалникот.