Свет

Масовно пукање во САД- четворица мртви, 18 ранети

Масовно пукање во САД- четворица мртви, 18 ранети

Најмалку четири лица се убиени, а 18 повредени во масовно пукање во Бирмингем, Алабама, според полициските извештаи.

-Повеќе вооружени лица испукале повеќекратни истрели во група луѓе во областа „Фајв Поинтс Саут“ на градот, изјави полицискиот службеник во Бирмингем, Труман Фицџералд.

Полицијата на местото на настанот пронашла тела на двајца мажи и една жена, а четвртата жртва починала од прострелни рани во болница, додаде тој.

Детективите истражуваат дали напаѓачите им пришле на жртвите пеш или се возеле, рече Фицџералд.

Никој досега не е уапсен. Полицијата во соопштението соопшти дека соработува со ФБИ и други федерални агенции и нуди награда од 5.000 долари за информации за напаѓачите. Тие отворија и специјална веб-страница за испраќање фотографии и видеа од пукањето.

Најнови вести од Свет

To top