Фудбал

Челните лица на ФФМ на работен состанок со раководството на УЕФА

Челните лица на ФФМ на работен состанок со раководството на УЕФА

Раководството на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), предводено од претседателот Александер Чеферин, организираше состанок со претседателите и генералните секретари на 55. членки на европската асоцијација.

Состанокот се одржа во францускиот град, Кан, каде Македонија беше претставувана од претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини и генералниот секретар, Наталија Божиновска-Илиевска.

На заедничката работлиница се дискутираше за новостите во фудбалот и во националните тимови, вклучувајќи го и неодамна завршеното Европско фудбалско првенство. Беа опфатени теми за централизација на правата за идните национални натпреварувања и користењето на програмата „Хет-трик“.

Што се однесува до клупскиот фудбал, се разговараше за новиот формат во сите натпреварувања, како и за распределбата на финансискиот колач за клубовите.

Раководните луѓе на УЕФА со колегите од асоцијациите – членки дискутираа и за кандидатите за организација на идните Светски првенства кои ќе се одржат во Шпанија, Мароко и Португалија во 2030 и во Саудиска Арабија во 2034 година.

 

To top