Македонија МВР

Министерот Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Јегуновце, ги приближуваме услугите до граѓаните

Министерот Тошковски: Нова канцеларија на управни служби на МВР во Јегуновце, ги приближуваме услугите до граѓаните

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска го посети Полициското одделение во Општина Јегуновце каде присуствуваше на отворање на нова канцеларија на управни служби во рамките на одделението.

-Отворањето на канцеларијата ја потенцира посветеноста на ова раководство на МВР да ги доближи своите услуги поблиску до граѓаните за кои истите и се наменети. Само со доближување на услугите кои се наменети за граѓаните, вистински ќе го унапредиме квалитетот на животот и работењето на секој еден граѓанин.

Од денес над 12.000 жители од Јегуновце, селата и месните заедници коишто гравитираат во општината ќе можат побрзо да дојдат до својот личен документ или услугата која им е потребна од управните служби. Ние како раководство на МВР и Влада сме посветени на унапредување на сите процеси кои услугите на државата ќе направат дигитални и поблиски до граѓаните.

Со отворањето на канцеларијата ќе се ослободи притисокот врз канцелариите на управните служби при СВР Тетово со што граѓаните од Тетово полесно и побрзо ќе имаат пристап до услугите кои им се потребни. Такви канцеларии во следниот период ќе се отвориме повеќе во низа, се со цел граѓаните да имаат побрз пристап до услугите кои им се потребни.

Најнови вести од Македонија

To top