Свет војна

Израел ги нападна позициите на Хезболах во Либан, вели дека погодил 100 ракетни лансери

Израел изведе голем воздушен напад врз јужен Либан, при што вели дека погодил над 100 ракетни лансери на Хезболах и други „терористички мети“, вклучувајќи складиште за оружје. Израелските одбранбени сили кажаа дека лансерите биле спремни да пукаат кон Израел. Не е познато дали има жртви.

Либанската државна новинска агенција објави дека Израел извел најмалку 52 напади врз југот на земјата, но и дека Либан нападнал воени цели во северен Израел.

Ова доаѓа откако лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, изјави дека израелските напади врз комуникациската мрежа на групата ги преминале сите црвени линии, велејќи дека тоа претставува прогласување војна. Израел досега не ја презеде одговорноста за овие софистицирани напади во Либан, во кои експлодираа илјадници пејџери и рачни радија, при што загинаа 37 луѓе, меѓу кои и цивили.

Стотици луѓе загинаа во прекуграничните напади помеѓу Израел и Хезболах од почетокот на војната во Газа пред речиси една година. Вчерашниот израелски напад беше најжесток досега и министерот за одбрана Јоав Галант кажа дека воената акција против Хезболах ќе продолжи.

Најнови вести од Свет

To top