Свет израел

Шин Бет спречи атентат врз Нетанјаху: Израел тврди дека Иран имал разработен план со бизнисмен во Турција

Иран планирал атентат врз изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и врз директорот на израелската безбедносна служба Шин Бет Ронен Бар, објави во четвртокот Шин Бет, пишува „Јерусалем Пост“. Меѓутоа, Израел сe погрижил да пропадне панот на Иран.

Напорите на Иран, тврди Шин Бет, беа особено интензивни по атентатот на политичкиот шеф на Хамас Исмаил Ханије во Техеран, што поголемиот дел од светот ѝ ја припишува на израелската разузнавачка агенција Мосад.

Покрај тоа, Исламската Република го истражувала убиството на поранешниот премиер Нафтали Бенет и други врвни израелски одбранбени функционери.

Заговорот, како што тврди израелската безбедносна служба, бил да се користи израелски бизнисмен кој долго време живеел во Турција и имал финансиски зделки и со турски и со ирански лица за да развие планови за атентат во Израел.

To top