Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, утрово информираат дека во текот на вчерашниот ден немало ниту еден пожар на отворен простор во Македонија.
Во текот на вчерашниот ден имаше обилни дождови низ повее градови во Македонија, па се покажа дека дождот е спас од пожарите.
ЦУК апелира за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив, ниту пак во речните корита.
На Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие имало вкупно 1 419 повици . Од нив „реални“ повици биле 54,69 отсто, а 45,31 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 69,63 отсто, кон Итната медицинска помош 25,65 отсто, a кон пожарникарите 1,57 отсто од реалните повици кон 112 во ЦУК.