Свет САД

Американскиот претседател повика на прекин на „бесмислената војна“ во Судан

„Суданскиот народ 17 долги месеци трпи бесмислена војна која создаде една од најголемите светски хуманитарни кризи“, изјави Бајден.

Американскиот претседател повика на прекин на „бесмислената војна“ во Судан

Американскиот претседател Џо Бајден ги повика завојуваните страни во Судан да ја прекинат крвавата борба за власт која трае веќе година и пол.

„Суданскиот народ 17 долги месеци трпи бесмислена војна која создаде една од најголемите светски хуманитарни кризи“, изјави Бајден.

Тој истакна случаи на киднапирање, сексуално насилство врз жени и девојчиња, како и гладот во Дарфур, повикувајќи на повторно започнување на преговорите.

„Ги повикувам завојуваните страни – Суданските вооружени сили (ВС) и Силите за брза поддршка (СБП) – да ги повлечат своите сили, да дозволат хуманитарна помош и да се вратат на преговори“, порача Бајден.

Судирите започнаа во април 2023 година, предизвикувајќи раселување на над десет милиони луѓе, од кои два милиони побегнаа во соседните земји, соопшти ОН.  (МИА)

To top