Македонија

АХВ изрече мерка на времено затворање на кујната во касарната Гоце Делчев

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), од Центарот за јавно здравје, ги доби резултатите од лабораториските тестирања на земените мостри храна и брисевите од кујната каде се подготвувала храна која се послужувала во мензата на Воена Академија касарна Гоце Делчев – Аеродром Скопје, од каде деновиве беше пријавен сомнеж за труење со храна. Кај испитаните мостри храна ( филета ослиќ, тартар сос, компир, индијанка, домат, свинско печено месо, динстан ориз и динстана зелка), не се утврдени отстапувања во однос на безбедносните критериуми, информираат од агенцијата.

Кај еден брис, од земени два од работна маса, по спроведената микробиолошка анализа, утврдено е дека брисот не ги задоволува хигиенските стандарди, односно, утврдено е присуство на аеробни мезофилни бактерии. Лабораториски тестирани се и земени два бриса од раце и по еден брис од машина за сечење зеленчук, пластична корпа за измиен зеленчук.

Инспекциските служби на АХВ изрекоа мерка за спроведување на повторна дезинфекција, а земени ќе бидат и нови контролни брисеви.

Изречената мерка по спроведениот вонреден инспекциски надзор за времено затворање на кујната ќе остане на сила се додека со новите лабораториски тестирања не се потврди нејзината безбедност, стои во соопштението на агенција.

Најнови вести од Македонија

To top