Доналд Трамп објави соопштение во коешто вели дека „никогаш нема да се предаде“, како одговор на пукањето коешто се случи во негова близина додека играше голф во Флорида.
„Пукаа во моја близина, но пред гласините да отидат надве од контрола, сакав најпрво да го слушнете ова: На безбедно место сум и добро сум! Ништо нема да ме успори. Никогаш нема да се предадам!“, порача Трамп.
„Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Бог да ве благослови“, напиша Трамп.
Трамп утринава повторно се огласи и им се заблагодари на сите за „грижата и позитивните желби“ по „очигледниот обид за атентат“ врз него.
Во својата објава на својата платформа „Truth Social“. Трамп изјави „најголемата благодарност до американската Тајна служба, шерифот на округот Палм Бич, Рик Бредшо, како и до сите полициски сили за неверојатната работа којашто ја направиле во текот на „Trump International“.
„Јас четириесет и петтиот претседател на САД, и републикански кандидат на претстојните избори за претседател сум безбеден. Направија апсолутно извонредна работа“, додаде Трамп.