Македонија Радио слободна Европа

Ѓорѓиевски: Мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје, не се плашам од работа

„Логично е секој човек да има амбиција, особено во политиката, за нешто повеќе да сработи, да остави резултати зад себе“.

Ѓорѓиевски: Мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје, не се плашам од работа

Преголема е моќта на градоначалниците и таа треба да се ограничи, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела вода, Орце Ѓорѓиевски, во интервју за Радио слободна Европа.

Во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во законот за локална самоуправа со цел механизам за смена на градоначалник.

Ѓоргиевски како “трагично“ го оцени однесувањето на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, бидејќи последиците од тоа ги трпат граѓаните.

-Се работи за, за жал, конфликтна личност, без менаџерска способност никаква и човек покрај тоа што нема добар начин на комуникација и нема менаџерски способности, одбива да прими советкога некој се труди да помогне за да се надмине некој проблем, рече Ѓорѓиевски.

Оценува дека тој  би бил добар градоначалник на Скопје. Дали ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за оваа функција, вели дека зависи од повеќе фактори.

-Мене приоритет во моментов ми е да ги дореализирам сите проекти кои сум се обврзал пред моите сограѓани да ги реализирам, а де факто над 90% од проектите веќе ми се реализирани. Имам уште еден сет на проекти кои не сум ги ветил, но ова е животна материја, произлегле и се реализирале. Логично е секој човек да има амбиција, особено во политиката, за нешто повеќе да сработи, да остави резултати зад себе. Доколку сметаат граѓаните дека јас добро ја водам општината, ќе има анкети нашата политичка партија, доколку граѓаните и телата на нашата политичка партија одлучат, мислам дека би бил добар градоначалник на Скопје. Не се плашам од работа и сметам дека можам многу да придонесам за градот Скопје, истакна Ѓорѓиевски.

Целото интервју со него, погледнете го на Радио слободна Европа.

 

Најнови вести од Македонија

To top