Македонија

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Софија, прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Софија за првпат ќе се сретне со својот бугарски колега Румен Радев, беше соопштено вчера од нејзиниот кабинет.

Во соопштението се наведува дека Сиљановска Давкова денеска ќе ја посети Бугарија, „ќе има средба со претседателот на Бугарија Румен Радев и ќе присуствува на настапот на Македонската национална опера и балет, која во софиската опера ќе ја изведе „Набуко“ од Џузепе Верди.

Македонската претседателка присуствуваше на претставата на Софиската опера и балет во рамки на 52. Мајски оперски вечери во Скопје, кога ја истакна важноста и моќта на културната дипломатија како нераскинлив дел од меѓународната активност.

Последната официјална посета на претседател на Македонија во Бугарија беше на 14 јуни 2018 година, кога екс-шефот на државата, Ѓорѓе Иванов допатува во дводневна официјална посета на Софија на покана на Радев.

Последен пат Радев беше во официјална посета на Македонија на 16 февруари 2018 година, тогаш во дводневна посета на Скопје, исто така на покана на Иванов. Посетата беше прва официјална посета од ваков карактер по потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија (потпишан на 1 август 2017 година во Скопје).

Најнови вести од Македонија

To top