Македонија Општина Бутел

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на СРЦ „Бранители“

Вредноста на овој проект изнесува 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на СРЦ „Бранители“

Денеска 12.09.2024 година (четврток) во 09:45 часот, премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на Спортско рекреативен центар „Бранители“ во населеното место Љуботенски Пат во Општина Бутел.

Овој спортско рекреативен центар опфаќа фудбалски терен со вештачка трева, баскет терен со специјална подлога, како и детско игралиште, мини парк и шеталиште за жителите.

Вредноста на овој проект изнесува 7.000.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Предвидено е изјава за медиуми да даде Претседателот на Владата, Мицкоски.

Најнови вести од Македонија

To top