Свет

За Полска се неприфатливи германските гранични контроли

Полска вчера излезе со силна критика за планот на германската Влада да воведе привремени контроли на сите германски копнени гранични премини за борба против илегалната миграција.

За Полска се неприфатливи германските гранични контроли

Полска вчера излезе со силна критика за планот на германската Влада да воведе привремени контроли на сите германски копнени гранични премини за борба против илегалната миграција.

-Тој пристап е неприфатлив, изјави полскиот премиер Доналд Туск во Варшава, додавајќи дека овие мерки всушност ќе значат суспензија на Шенген зоната.

„На Полска не и треба зајакнување на контролите на нашата граница, туку поголемо вклучување на земји како Германија во заштитата и безбедноста на европските надворешни граници“, додаде тој.

Туск рече дека неговата влада ќе побара меѓусебни консултации со другите земји погодени од одлуката на Германија за тоа што би можеле да се преземат во рамките на ЕУ.

Германската министерка за внатрешни работи Ненси Фезер во понеделник нареди воведување привремени контроли на сите германски копнени граници за да се намали бројот на илегални гранични преминувања.

Дополнителните проверки ќе важат следните шест месеци.

Стационарните контроли веќе се воведени на границите со Полска, Чешка и Швајцарија во октомври 2023 година. Тие беа неколкупати продолжени и моментално важат до 15 декември.

Слични мерки на германско-австриската граница се спроведуваат од септември 2015 година.

Новите контроли се однесуваат на границите со Франција, Данска, Белгија, Холандија и Луксембург.

Најнови вести од Свет

To top