Израел ноќеска извршил напади врз неколку области во централна Сирија при што загинале најмалку пет лица, 19 се ранети и предизвикани се пожари, јавија сириските државни медиуми.
Израел во нападите таргетирал голем број воени локации во централниот регион, а сириските сили за воздушна одбрана пресретнаа и соборија некои од нив, јави новинската агенција САНА.
Најмалку 19 ранети лица, од кои тројца се во критична состојба, се пренесени во државната болница Масијаф во западната провинција Хама, како и телата на петмина загинати, изјави шефот на локалната болница Фајсал Хајдар.