Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави дека за време на денешниот состанок на Контакт групата за одбрана на Украина, немало дискусија за мировниот план што украинскиот претседател Володимир Зеленски има намера да му го претстави на американскиот претседател Џозеф Бајден.
Тој истакна дека војната може многу брзо да заврши доколку рускиот претседател Владимир Путин одлучи да ги повлече своите војници од окупираните територии во Украина.
-Ова е нешто што Путин може да го заврши многу брзо ако само донесе едноставна и правилна одлука да го поништи она што го направил. Што се однесува до апсолутната победа, таа навистина зависи од тоа како ќе ја дефинирате. Украина е фокусирана на заштита на нејзината суверена територија, рече Остин на прес-конференција по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија. (МИА)