Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче знае дека тоне во криминали, знае дека на јавноста не може да и објасни зошто ја сокрил фирмата во Бугарија и не ја пријавил во анкетниот лист, па смета дека со сликање по операциони сали народот ќе го засака.
Венко, едно да знаеш, тоа што си лекар е твоја професија и должност, а пациентите не се должни да ги малтретираш за фотиграфирање. Тоа е срамно, мизерно и под секое ниво.
Венко Филипче им го руши достоинството на пациентите и треба да се извини, стои во соопштението на партијата.