Свет бразил

Бразил: Казна од 8.874 долари дневно за сите што ја користат платформата X

Врховниот суд на Бразил објави дека корисниците на платформата X ќе бидат казнети до 8.874 долари дневно доколку користат VPN за пристап до апликацијата.

Бразил: Казна од 8.874 долари дневно за сите што ја користат платформата X

Врховниот суд на Бразил објави дека корисниците на платформата X ќе бидат казнети до 8.874 долари дневно доколку користат VPN за пристап до апликацијата.

Бразил е најновата земја што ја забрани платформата X – забраната стапи на сила на 31 август – откако Илон Маск одби да назначи правен застапник поради тековниот спор со бразилската влада.

Бразилскиот судија Александар де Мораеш ја обвини платформата на Маск дека се користи за ширење на клеветнички лажни вести, а забраната ќе остане во сила додека сопственикот на X не се усогласи.

Сега на жителите на Бразил ќе и биде забранета платформата и ќе се соочат со огромни казни доколку бидат фатени како користат VPN за да ја заобиколат забраната.

Бразилскиот јавен обвинител Хорхе Месијас лично сподели изјава на X за забраната, инсистирајќи дека потребата од „регулирање“ на социјалните мрежи е „итна“.

„Не можеме да живееме во општество каде милијардерите кои живеат во странство имаат контрола врз социјалните мрежи и се ставаат во позиција да го прекршат владеењето на правото, да не ги почитуваат судските наредби и да им се закануваат на нашите власти“.

Сепак, Маск јасно го кажа својот став по ова прашање: нарекувајќи го Де Мораес „Бразилецот Волдеморт“ и изјавувајќи дека забраната е директна цензура и сузбивање на слободата на говорот.

Извршниот директор на Tesla започна хајка по забраната, постојано објавувајќи за Бразил и Де Мораес на X и повикувајќи на крај на „репресивниот режим“.

Во еден момент, Маск ја ретвитна објавата истакнувајќи дека потенцијалните казни за граѓаните кои пристапуваат до X во Бразил се „над 528% повеќе од нивниот месечен приход“.

„Угнетувачкиот режим во Бразил толку се плаши од луѓето да ја дознаат вистината што ќе банкротира секој што ќе се обиде“, рече Маск.

Засега, останува нејасно како Врховниот суд на Бразил има намера да ги открие VPN-ите што се користат за пристап до X и како тие казни ќе се спроведуваат.

Најнови вести од Свет

To top