Целосно е изгаснат пожарот што избувна доцна попладнето во Расадникот на бул. „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, нема повредени лица, а е причинета материјална штета. Нормализирано е и снабдувањето со електрична енергија што беше во прекин во дел од општината.
Градоначаникот Орце Ѓорѓиевски посочува дека е спречена катастрофа.
-Заедно со моите сограѓани, општинските служби и противпожарната бригада успеавме да го локализираме пожарот и да спречиме поголема катастрофа, вели тој.
-Патем, неколку засегнати граѓани кои заедно со мене се бореа против урбанистичко дивеење гледам по одредени свои реакции исплашени се да не е пожарот намерен и тенденциозен за да подоцна некој гради згради, како во некои други времиња. Можам да истакнам и да гарантирам дека моја заложба беше да се поништи штетниот ДУП за Расадник со 99 згради и да се објави меѓународен конкурс и транспарентно општината го води процесот, така да, ниту еден пожар, ниту една било каква непогода, не може да влијае против мојата намера граѓаните заедно со експертите да го креираат и изберат новиот ДУП. Без грижи, никој повеќе нема да гради без план на опожарени површини. Јас стојам заедно до интересите на граѓаните, порача Ѓорѓиевски.