Доградбата на објектот на детска градинка во Илинден којшто пред неколку месеци почна да се гради, денеска е завршен.
Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на отворањето истакнувајќи дека изборното ветување брзо се реализирало.
-Ветување со коешто практично во Општина Илинден ќе нема повеќе листи за чекање за упис во градинка, односно сите дечиња коишто ќе имаат потреба од сместување во објектите овдека во градинките во Општина Илинден ќе бидат сместени. Овој објект е со капацитет од шеесетина дечиња, инвестицијата е обезбедена комплетно од средства со коишто располага општината, а опремена со средства од Министерството за социјална политика, демографија и млади, значи еден заеднички проект и навистина мислам дека ваквите проекти ја враќаат довербата дека не се сите исти и дека можело поразлично, секој ден нов проект, секој ден ново изборно ветување, секој ден ново очекување на граѓаните коишто е испорачано, нагласи Мицкоски.
Тој истакна дека така продолжуваат понатаму, а за нешто повеќе од два месеци оваа Влада направи навистина работи коишто изминатите години претходната Влада не можеше ниту пак да ги замисли.