Македонија

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа, наставниците не наседнаа на партијата која до пред 2 месеци беше власт

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН, 20-тина партиски активисти протестираа, наставниците не наседнаа на партијата која до пред 2 месеци беше власт

Фијаско на СДС пред МОН, само 20-тина активисти на партијата дојдоа на најавениот голем партиски протест. Филипче ја нема поддршката ниту на своите членови, а не пак на народот, истакна Сергеј Попов, пратеник, претседател на УМС ВМРО-ДПМНЕ.

Кој го излизга Филипче со идејата за протест е нешто на кое што треба да си бара одговори самиот.

Факт и реалност е дека СДС беа власт до пред 2 месеци, тие ги имаа сите можности да ги зголемат платите на наставниците и тоа не го направија. Наставниците знаат дека од СДС се лицемерни.

Наставниот кадар не наседна на политиканството на СДС.

Кога СДС беа на власт платите доцнеа, направија хаос со програмите, ги деградираа наставниците. Сега сето тоа е различно ВМРО-ДПМНЕ го враќа дигнитетот на наставниот кадар, а платите ќе се зголемат од март 2025 година.

Наставниците ја гледаат посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Наставниот кадар ќе добие зголемување на платите во првата година од мандатот на ВМРО-ДПМНЕ, многу нови инвестиции во образованието и подобрување на неговиот квалитет.

Најнови вести од Македонија

To top