Македонија сдсм

Протест на наставници под партиска организација?!

СДСМ, преку Комисијата за образование организира собир на наставници и просветни работници.

Протест на наставници под партиска организација?!

СДСМ, преку Комисијата за образование организира собир на наставници и просветни работници.

Собир на којшто ќе биде искажан револт од погрешните политики во образованието од страна на владата на Христијан Мицкоски и министерката Весна Јаневска.

Заедно да го искажеме незадоволството и да го кренеме гласот, да извршиме притисок врз власта да ги промени погрешните политики, стои во објавата на Фејсбук страницата на опозициската СДСМ.

Според познавачите на работите, ова не претставува ништо друго освен протест на наставници под партиска организација.

Имено, добри познавачи на материјата велат дека СДСМ за седум години власт го девалвираше образованието, каде што не биле проблем само платите туку и воопшто условите за работа. Од СДСМ добро знаат дека повеќе од 50% испроектиран Буџет потрошија предизборно на сомнителни тендери и други набавки, притоа надевајќи се дека повторно ќе останат на власт. ВМРО-ДПМНЕ на власт е само два месеци, а опозицијата која до вчера беше власт добро знае какви дупки и остави на Владата на Христијан Мицкоски. Токму поради ваквите неодговорни политики, СДСМ ги доживеа еден од најтешките порази во историјата од нејзиното постоење.

To top