Свет СЗО

Кина не пријавила нови или невообичаени патогени поврзани со респираторни заболувања

Кина објави дека не открила нов или необичен патоген поврзан со зголемувањето на случаите на респираторни заболувања на северот од земјата, соопшти Светската здравствена организација која побарала детални информации од Пекинг.

Кина не пријавила нови или невообичаени патогени поврзани со респираторни заболувања

„Кинеските власти изјавија дека не е откриен нов или необичен патоген, ниту невообичаени клинички знаци, вклучително и во Пекинг и Лиаонинг, туку само општо зголемување на бројот на случаи на респираторни заболувања поради познати патогени“, соопшти СЗО.

Од средината на октомври, СЗО ги проучува податоците од кинеските системи за надзор кои покажуваат значително зголемување на респираторните заболувања кај деца во северна Кина.

Најнови вести од Свет

To top