Македонија

МОН: над 1000 образовни асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

Министерството за образование и наука известува дека во новата учебна 2024/2025 година во редовните основни училишта ќе бидат ангажирани над 1000 образовни асистенти кои ќе помогнат во унапредување на воспитно – образовниот процес на учениците со попреченост и ќе им помагаат во секојдневното извршување на училишните обврски.

Образовните асистенти се ангажираат преку основните училишта со ресурсни центри, а согласно барањата на родителите и старателите на учениците со попреченост. Досега спроведени се целосно огласите за 815 образовни асистенти, а обезбедени се средства и согласности за дополнителни 200, кои по изборот преку јавни огласи, пред да бидат ангажирани ќе поминат дополнителна обука за квалитетно извршување на предвидените работни обврски.

Согласно Правилникот за норматив, опис на компетенции и работни задачи на образовен асистент, еден образовен асистент може да обезбедува поддршка на еден до три ученици со попреченост во иста паралелка.

Доколку се случи ученик со попреченост да нема образовен асистент од првиот училишен ден, училиштата се должни преку училишниот инклузивен тим, а во соработка со ресурсните центри да ја обезбедат потребната поддршка на ученикот за успешно отпочнување на образовниот процес. Училишниот инклузивен тим развива инклузивна стратегија за прием и адаптација на учениците со попреченост во наставата од самиот почеток на учебната година.

To top