Францускиот претседател Емануел Макрон на вториот ден од посетата на Белград рече дека е убаво да се има сигурни пријатели и историски константи во свет каде што се е нестабилно.
Тој на социјалната мрежа Х сподели своја објава од 15 јули 2019 година на српски јазик и кирилица, со фотографија направена за време на неговата посета на Србија.
– Чувам драг спомен на мојата посета на Србија пред пет години. Искрена радост е да се вратам, напиша Макрон.
Францускиот претседател за првпат беше во официјална посета на Белград во јули 2019 година, кога двете земји прославија 180 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Вучиќ во април годинава беше во официјална посета на Париз. (МИА)