Свет Пекинг

Прва средба меѓу Саливен и генерал Џанг за воените односи меѓу САД и Кина

„Со оглед на состојбата во светот и потребата за одговорно управување со односите меѓу САД и Кина, мислам дека тоа е многу важен состанок“, нагласи Саливен.

Прва средба меѓу Саливен и генерал Џанг за воените односи меѓу САД и Кина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливен денеска имаше опсежни разговори со потпретседателот на Централната воена комисија на Кина, генерал Џанг Јукси, на крајот од тридневната посета на Пекинг, со цел да се намалат тензиите меѓу двете велесили.

На состанокот, прв меѓу Џанг и Саливен, и прв меѓу висок американски функционер и заменик-претседателот на Централната воена комисија на Кина од 2018 година, Саливан се заложи за подобрена комуникација меѓу двете страни

„Вашето барање да се одржи овој состанок со мене ја покажува важноста што американската влада ја придава на воената безбедност и нашите воени односи“, рече Џанг на состанокот во седиштето на Народноослободителната армија на Кина.

Саливен го опиша состанокот како „редок“ настан и истакна дека двете земји имаат одговорност да спречат ривалството да ескалира во конфликт или конфронтација.

„Со оглед на состојбата во светот и потребата за одговорно управување со односите меѓу САД и Кина, мислам дека тоа е многу важен состанок“, нагласи Саливен.

Двајцата се осврнаа на напредокот во воените комуникации и договорите командантите на оперативно ниво наскоро да воспостават телефонски комуникации, за што се залагаат САД. (МИА)

Најнови вести од Свет

To top