Претседателот на Франција Емануел Макрон по вторпат во последните пет години утре ќе пристигне во официјална посета на Србија. Покрај Белград, се очекува тој да го посети и Нови Сад.
Тој се очекува да пристигне на аеродромот „Никола Тесла“ во 18 часот каде ќе биде подготвен пречек.
Состанокот со претседателот на Србија Александар Вучиќ е закажан во 18 часот и 45 минути утре. Потоа ќе се одржи церемонија на размена на потпишани билатерални документи во присуство на двајцата претседатели во салата Југославија во палатата „Србија“.
Вториот ден од посетата на Макрон е резервиран за негова посета на Нови Сад. Двајцата лидери ќе разговараат и за вештачката интелигенција бидејќи Србија ќе го преземе претседавањето со Глобалното партнерство за вештачка интелигенција. Франција е домаќин на самитот за вештачка интелигенција кој ќе се одржи во Париз во јули 2025 година.
Според Б-92, Макрон ќе ја искористи посетата за да ја афирмира поддршката на Франција кон Србија, на нејзиниот европски пат.