Хрватската пејачка Северина Вучковиќ била приведена на границата со Србија, а откако била ослободена решила да се врати во татковината.
Според тамошните медиуми, Северина била приведена вчера на границата со Србија, по што полицијата ја спровела редовната постапка, како и за сите чии изјави српските државни органи ги оценуваат како сомнителни, дознава „Блиц“.
На пејачката набрзо и бил дозволен влез во Србија, но сепак таа решила да се врати во Хрватска.
На некои од колегите на пејачката како Селма Бајрами, Јадранка Барјактаревиќ и Садик Хасановиќ претходно им беше забранет влез во Србија поради навреда и изведување националистички песни.
Хрватски „Јутарњи лист“ го впери прстот кон Александар Вучиќ, практично обвинувајќи го за апсењето на хрватската пејачка.
Имено, во текстот објавен на овој портал пишува: „Што би можело да биде причината за ова привремено лишување од слобода? Можеби тоа што Северина силно го критикува самоволието на Вучиќ во Србија и ги поддржува граѓанските протести во Србија?“ стои во овој текст.