Руската амбасада во Париз денеска ги обвини француските власти дека „одбиле да соработуваат“ по апсењето на сопственикот на платформата за пораки Телеграм, Павел Дуров.
Дуров, кој има двојно државјанство беше приведен на аеродромот во Париз Ле Бурже во саботата и се очекуваше да се појави на суд за прекршеоци денеска поврзани со Телеграм.
„Веднаш побаравме од француските власти да ги објаснат причините за овој притвор и побаравме да се заштитат неговите права и да се овозможи конзуларен пристап. Досега француската страна одбива да соработува на ова прашање“, се вели во соопштението на амбасадата.
Дуров е обвинет дека не презел акција за спречување на криминалната употреба на неговата платформа.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Москва побарала конзуларен пристап до 39-годишниот Дуров, нагласувајќи дека бидејќи тој има и француско државјанство. (МИА)