Свет

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста

Норвешка планира да дозволи абортус до 18-та недела од бременоста

Норвешката влада денеска соопшти дека сака да го измени законот за абортус, првпат по половина век, со што на жените ќе им биде дозволено да ја прекинат бременоста до 18-та недела.

Предложените измени се „во согласност со денешната пракса“.

– Речиси на ниту една жена не и одбиено барањето за абортус по 12-та недела, изјави норвешкиот министер за здравство Јан Кристијан Вестре.

Тој посочи дека правото на жените да одлучуваат за абортус е еден од основните принципи во земјата.

Најнови вести од Свет

To top